речник контакт

20 - годишна Македонка на чекор до остварување на американскиот сон

Велешанката Лале Стефкова ќе го осмислува пропагандниот материјал на „Американ Ерлајнс“. Амбициозната студентка на Универзитетот во Оклахома успесите ги постигнува благодарение на исклучително високиот просек, но и инвентивноста во работата. Сонува да стане автор на промотивен материјал за телевизискиот канал Нешнал Географик.

Зоран Николов

Млада, храбра, амбициозна и успешна. Тоа е велешанката Лале Стефкова, студент на трета година на Универзитет Оклахома во САД. Таа има 20 години, студира адвертајзинг и како единствена Македонка е меѓу најдобрите студенти на универзитетот. Таа има просек од 9.60.

„Го одбрав овој универзитет затоа што го има тоа што јас сакав да студирам. Тоа е еден од најдобрите за стратешки комуникации значи нуди односи со јавност, новинарство, адвертајзинг и маркетинг. Факултетот е прекрасен имаат добар тим на професори кои те учат не само за професијата, туку и за животот, а имаат и одлични ресурси цели студија со камери, опрема, за да можеш практично да го учиш она што го пишува во книгите“, вели Лале Стефкова.

Одличните резултати во школувањето, на оваа Македонка и ги отворија вратите на адвертајзинг агенцијата формирана од факултетот. Лале наредниот семестар ќе продуцира промотивен материјал за националната американска авиокомпанија.

„Правиме целосна стратешка кампања за клиентите. Ќе работиме за Американ ерлајн. Ќе правиме истражување колку нивната кампања е ефективна и ќе правиме видео промотивни материјали“, додава Стефкова.

Оценката од овој клиент на Лале може да и ги отвори вратите на врвните агенции во Америка. А нејзина професионална цел е да продуцира кампања на светски познат телевизиски канал.

„Остварување на сонот би ми било еден ден да правам промотивен материјал за Нешанал Географик. Тие мене ми се инспирација за правење реклами“, додава младата студентка.

Студирањето на Лале во Америка не го плаќа Македонија, туку државата Оклахома. Таму таа сама се бори за се. Во рок ги полага испитите и Универзитетот ја награди со помала школарина за високите оценки. А Лале е одличен амбасадор на Македонија на сите манифестации кои ги организира овој Универзитет во Америка.


Извор: Канал 5

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »