речник контакт

20 години ЕД „Вила Зора“

Најстарото еколошко друштво во Македонија „Вила Зора“ од Велес ја одбележа двесетгодишнината од постоењето и тие се горди што се прва невладина организација која се посвети создавање на подобри услови за живеење во здрава животна средина.

Петар Печков

Најстарото еколошко друштво во Македонија „Вила Зора“ од Велес ја одбележа двесетгодишнината од постоењето и тие се горди што се прва невладина организација која се посвети создавање на подобри услови за живеење во здрава животна средина.

- Континуирано две децении ја подигавме свеста кај граѓаните на Велес за еколошките проблеми во градот. Останавме верни ио во оригинална форма посветени на екологијата. Имавме една цел која не водеше сите овие години, да му помогнеме на нашиот град, бидејќи друг немаме за живеење. Во 1989 друштвото беше создадено како резултат на работата на Топилницата, сега повторно сме исправени пред истиот проблем, со можниот рестарт повторно да не труе и го уништува животот. Но порачуваме на непознатите инвеститори дека нема да бидеме полоши од нашите предци, кои ја поставија во срцето на градот, нема да дозволиме рестарт тука – изјави д-р Ненад Коциќ претседател на друштвото, на свеченоста по повод јубилејот.

Како нивен најголем успех го посочуваат подигањето на свеста кај велешани од загадувањето на Топилницата, дека на овој капацитет не му е местото среде градот. Во овој период тие успеаја да работат и на други проекти, Велес прва општина во Македонија без генетски модифицирана храна, зачувањување на флората и фауната орнитолошкиот локалитет Пешти и долниот тек на Бабуна, пионерскиот чекор во Македонија на отстранување на тешките метали од почвата во градот, пошумување на околината на Велес. За овој јубилеј ЕД „Вила Зора“ додели признанија за особен  развој друштвото на Јосиф Таневски, Пандорка Никушева  и Михаил Токарев кој ја потсети јавноста на формирањето на Движењето на Екологистите.

- Велешани треба да се горди со еколошкото друштво, бидјеќи кога во 1990 година го формирафме ДЕМ, бевме непријатели на тогашната власт имавме големи проблеми, бевме субверзивна организација која сака да ги открива државнте тајни. Тогаш велешките екологисти со Пандорка Никушева не примија како домаќини и тука во овој револуционерен град го формиравме ДЕМ. Им благодарам за храброста – рече Токарев при добивањето на признанието.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »