речник контакт

20 месеци затвор за кумановец кој стори сообраќајка и тешко ја повреди претседателката на кумановски суд

Предметот се работеше во велешкиот Основен суд. Повредената Манев била неколку дена во кома

Петар Печков

Кумановецот Мумин Дураку (47 год) доби 20 месеци  затвор за сообраќајка која ја предизвикал  на 11 февруари 2021 година во 19 часот, на крстосницата на  улица  11 октомври  со ул. Сава Ковачевиќ, во Куманово.

Оваа одлука на Основен  суд Велес ја потврди и Апелациониот суд од Скопје и истата е правосилна. На обвинетиот Дураку му се судеше за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот“ кое го сторил со умисла. 

Во сообраќајката со тешки телесни потврди се здоби кумановката   Снежана Манев (57 год), која е претседател на Основен суд Куманово. Токму поради тоа, овој предмет беше изземен од надлежност на кумановскиот и доделен да го работи велешкиот суд.

Оштетената Манев, од здобиените повреди 20 дена била во кома и во мошне тешка здравствена состојба.

Обвинетиот Дураку  критичната вечер на пешачки, со неговиот автомобил „фолксваген голф“  ја удрил оштетената Манев, возејќи 44 км/ч, или 4 повеќе од дозволеното.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »