Петар Печков
Објавено: недела, 02 јануари 2011
Одлуката да не се влегува во ризик со сосема нови проекти е последица и од разочарувањето што го направија неколку филмови со звучни актерски имиња како што се „Турист“ со Џони Деп и Анџелина Џоли и „Како знаеш“ со Рис Витерспун, Овен Вилсон и Џек Николсон.
Тука е и фактот што меѓу десет остварувања со најголема заработка во 2010 во САД се најдоа неколку римејкови - „Приказна за играчките“, „Шрек“,„Iron Man“ и „Самрак“.
Познато е дека во јули следната година во кино салите ќе пристигне вториот дел на седмото и последно продолжение на авантурите на популарниот волшебник „Хари Потер и Реликвиите на смртта“. Првиот дел од конечната пресметка имеѓу Потер и Волдемор до сега само во САД заработи повеќе од 220 милиони долари.
Следната година не очекува и четвртото продолжение на Сагата за вампирите „Самрак - предзора“ кој фановите ќе можат да го видат во ноември 2011 година.
Има и неколку римејкови од студиото на Дизни меѓу кои и продолжението на мега хитот „Пирати од Карибите“ кој пристигнува на почетокот од летото. Авантурите на пиратот Џек Спароу досега заработија 2,7 милијарди долари, па продуцентите со право очекуваат дека и овој дел ќе го продолжи успехот на претходните.
Најмладите, особено момчињата следното лето ќе ги израдува анимираниот филм „Cars 2“ продолжение на цртаниот филм од 2006 година кој е работен во стилот на серијалот за Џејмс Бонд.
Мирамакс најавува продолжение на неколку успешни остварувања како што се „Вљубениот Шекспир“ и комедијата „Лошиот Дедо Мраз“.
Во план е и снимање продолженија на филмовите „Од самрак до зора“, „Ужас во Амитвил“, „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Врисок“ и „Децата шпиони“.
Tweet |