речник контакт

202 единици крв собрани од велешките средни училишта

Учениците покажуваат хуманост во пракса. Крводарителска акција се изведе и во велешката касарна

Петар Печков

Изминатиот период во четирите акции на доброволно дарување на крв во четирите средни училишта во Велес беа  собрани  202  крвни единици.

На првата од четирите пролетни, што се изведе во средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ на 27-ти март, својата хуманост преку доброволно дарување крв ја изразија 80 ученици од трета и четврта година, а на 28 март во ОСУ „Јовче Тесличков даруваа 36 ученици.

Третата акција беше изведена на 29-ти март  во средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ во која беа собрани 48 крвни единици.  Последната се одржа на 21 април во Гимназијата ,,Кочо Рацин,,  каде се собраа 38 крвни единици. 

Очигледно, претходно одржаните предавања, од страна на професорите волонтери мотиватори  за крводарителство извршија големо влијание кај учениците. Покрај дваесетте крвни единици, што беа дарувани од крводарители од наставниот кадар, во семејството на големите хуманисти на овие акции се вклучија 118 ученици со своето прво дарување – велат од велешкиот Црвен Крст. Тој беше организатор заедно  со Институтот за трансфузиона медицина.

Во овој период на 24 март беше изведена акција за доброволно дарување крв  во гарнизонот ,,Алексо Демниевски Бауман,, на која даруваа 45 припадници на АРМ од кои  четири  беа жени, а за прв пат се вклучија во големото хумано семејство нови  19 дарители.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »