Петар Печков
Објавено: петок, 07 септември 2012
Триста мотористи учесници на 21-то мото рели,,Независност,, стигнаа до Велес. Тие три дена ќе крстосуваат по патиштата низ земјава. Мотоциклистичката федерација на Република Македонија во соработка со Сојузот на спортови - Скопје и МВР , во чест на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија го организира ова традиционално мото рели „. Учесници на релито освен од Македонија се и од гости Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Русија, Украина. Нив ги има повеќе од половина и тие се побројни од домашните мотористи.
Ова мото рели е насловено ,,Независност,, и тоа е старо колку и Република Македонија. Го организираме во чест на 8- септември и тоа е едно од ретките кое остана традиција. Радува што имаме голем интерес за странски учесници, кои ги има секоја година се повеќе и повеќе. З три дена ќе ја минеме Македонија – рече Ленин Јовановски претседател на Мото федерација на Македонија. Релито има три етапи и ќе трае исто толку дена. Вечерва учесниците ќе преноќат во Кавадарци откако ќе минат од Велес преку Штип и Радовиш, втората вечер во Охрид а ќе пропатуваат преку Крушево, Прилеп, Битола и Ресен а третата и завршна е етапа е во Скопје со попатно одмор во Дебар. Меѓу бројните мотористи беше и Влатко Пешиќ од Скопје. Тој е учесник на сите 21 мото рели.
Расневме заедно со Македонија. Првото рели беше во чест на референдумот. Паметам во првите години од организацијата, кога немавме гориво, имавме сериозни проблеми. Моравме да носиме во шишиња, ама крпевме и го одржавме – вели Пешиќ.
Tweet |