Петар Печков
Објавено: среда, 24 септември 2014
Ова лето членовите на Здружение за безбедност на вода и планина ,,Македонски спасител,, од Велес спасија 22 давеници и исто толку човечки животи на Градскиот базен. Половината од давениците биле скопјани кои дошле да се разладуваат во Велес. Меѓу спасените има и по еден државјанин на Бугарија и Турција, тројца Свети Николци, еден кумановец а петмина велешани.
Сите тие се на различна возраст од 4 па до 40 години, повеќето се млади до 18 години, меѓу нив татко и син, двајца браќа. Неуморно работејќи секојдневно на два пункта на базенот и преку викенд и празници на езерото Младост, осумте спасители овозможиле капачите да имаат безбеден одмор и рекреација.
Оваа година тимот на спасители реализира повеќе успешни интервенции со што се спасени 22 човечки животи. Во повеќето случаи давеници се лица кои ги преценуваат своите физички можности, потоа непливачите. Но затоа со праворемена интервенција сите се спасени. Приоритетна цел ни е да вршиме превенција и заштита, а со тоа и да се спаси човечки живот. Интервенции немаше на езерото, но затоа со самото присуство на спасителите, посетителите се чувствуваа побезбедни при нивниот престој на брегот на оваа акумулација – вели Ангел Пановски претседател на Здружение за безбедност на вода и планина Македонски спасител.
Кај поставениот спасителен пункт кула на Езеро Младост, каде почнувајќи од 28 Јуни, секој нареден викенд и национален празник, тимови од по спасители на вода ги обезбедуваа капачите бил делен и едукативен материјал, флаери со што посетителите се едуцирале како да се однесуваат на плажа и при капење во езерото. Лани спасувачите имаа 34 интервенции а првата година 2012-та откако работат професионално имаа 22 интервенции и досега немало регистрирано смртен случај.
Tweet |