Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јули 2019
Нова сообраќајна акција за дали возачите низ град возат со пропишаната брзина од 40 км/ч. Се одвивала во текот на вчерашниот ден од 14 до 20 ч. кога за шест часа во Велес биле констатирани 22 прекршоци, кои соодветно ќе бидат санкционирани.
Неделата на 14 јули полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи кoи управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 52 прекршоци, од кои во Велес 22 прекршоци, во Кавадарци 23 прекршоци и во Неготино седум прекршоци. За сите прекршоци поднесени се соодветни пријави - информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Tweet |