Петар Печков
Објавено: петок, 12 април 2024
Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови, поради распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.
Владата, согласно информацијата, донесе заклучоци со коишто ги определи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда), за неработни денови, за сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.
Владата соопшти дека се однесува и на приватните работодавачи. Или овие две среди се неработни за сите вработени. Овие два неработни дена нема да се одработуваат, тоа газдите на приватните фирми нема да може да го бараат од вработените.
Ваквата одлука оти е потребно е секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас, во избирачката единица во којашто е регистриран.
Tweet |