Петар Печков
Објавено: сабота, 07 јуни 2014
25 кадети од Америка, за време на нивниот работен престој во Македонија, организираа еднодневна волонтерска акција за помош во изградбата на населбата Хабитат во Велес. Кадетите одлучија да одвојат еден ден во рамки на својот повеќенеделен работен престој во Македонија и да волонтираат во изградбата на населбата. Тие се вклучија во тековните градежни работи на 12-те нови станови, кои наскоро ќе овозможат пристојно и достапно домување на велешките семејства со ниски приходи.
Ние сме тука во рамките на американската воена програма ,,Културно разбирање и јазици ,,. Преку амбасадата не упати еден ден од нашата повеќе дневна посета да бидеме и тука во Велес. Дел од програма е да ја запознаеме локалана заедница и да волонтираме тука. Одбравме да бидеме овде во Велес да помагаме во Хабитат - рече Метју Бенди лидер на тимот.
Благодарност за нивната помош им изразија и две од семејствата што ќе домуваат во населбата Хабитат во Велес, а можноста ја искористија и самите да помогнат во градежните работи. Во досегашната изградба на 36 станови во четирите станбени згради во Велес учествуваа повеќе од илјада волонтери, кои пристигнаа во Македонија од целиот свет, со цел да помогнат во градењето на овие домови. За волонтирањето, како практика, сѐ повеќе се интересираат и локални институции, компании и студенти
Tweet |