речник контакт

25 години на Kомандата за обука

Низ нејзините редови минаа бројни регрути офицери и подофицери на АРМ

Петар Печков

Командата за обука  25 години го обучува македонските војници и кандидатите за офицери. Таа ги прими првите регрути во април 1992-та   се до 2006-тата а потоа македонските војници доброволци кои се досега 31 генерација.   Седиштето се наоѓа во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,,  и неодамна, го  одбележа јубилејот 25 години од денот на единицата.   

 На почетокот од работата, обуката беше фокусирана на подготовка на граничари, подоцна продолжи за обука на воен персонал. Низ системот на обука  на Командата минаа и граѓани на доброволно служење на воениот рок. Со најновата трансформација на Армијата, командата добива нови дополнителни содржини – изјави Љубенчо Петровски командант на КОД.   

Во нејзин дел се и Армискиот полигон ,,Криволак,, кампот за обука на вода и кампот за обука во зимски услови, кои се дел од Центарот за поддршка на обука формиран 2012-та година.  Тие се користат  од припадниците на НАТО  и партнерските држави.   

Изминатите години Командата за обука и доктрина (КОД) започна да спроведува   курсеви за обука на професионалните војници како и курсеви за едукација  на  подофицерите на АРМ. Во КОД освен  питомци од Македонија, се едуцираат и претставници од пријателските земји Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.  

Со осовременување на Центарот за обука и дресура на службени кучиња, тој прерасна во современ центар за потребите на АРМ но и останатите безбедносни структури во земјава. Тие активно учествуваа  во ланските поплави кои го зафатија тетовскиот и скопскиот  регион, но и присуството на границата со Република Грција за време на бегалската криза   – објаснува командантот    Петровски.   

Со  најновата организациско формациска структура во КОД од 2014-та  формиран е  Центар за симулации, каде се користат најсофистицирани хардверски и софтверски решенија. Истите се користат и од армиите членки на НАТО.  Од историјата на Командата останува запишано дека првата заклетва на  македонските војници регрути  е извршена на 9-ти мај 1992-тра во касарната ,,Илинден,, во Скопје. 

Преку сите центри и капацитети за обука, КОД придонесува кон развојот  и одржувањето на борбената готовност на целата армија – додава Петровски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »