Петар Печков
Објавено: петок, 14 март 2014
По барањето за пријавување на не предадениот тутун, во велешко неколку стотина земјоделци пријавиле во Здружението на тутунопроизводители дека дома им останал околу 250 тони род. Ова количество е за општините Велес, Лозово, Градско и Чашка.
Според пријавите најмногу не предаден тутун има во општина Лозово, потоа во Чашка и во велешко Бузалково и Иванковци. Неодамна Здружението на тутунопроизводител на Македонија излезе со бројка дека во земјава има вкупно 500 тони не предаден тутун, а според пријавите половината од него е во велешко.
Откупувачите и производителите објаснуваат дека тутунот за кој склучиле договор е откупен, но поради добрата година и временските услови имале зголемен принос и род, поради што тој вишок не е откупен. Некои тутунари имаат и по два до три тони тутун останато дома.
Надлежните уверуваат дека овој тутун сепак ќе биде откупен. Тутунарите годинава освен што се жалеа дека дел од ова култура им остана дома реагираа и на ниската откупна цена. Кај нив остана надеж дека сепак вишокот тутун ќе биде откупен.
Tweet |