Петар Печков
Објавено: четврток, 29 март 2018
Анализата на Општина Велес покажала дека има дури 211 бесправни објекти во близина на општинската зграда и до „Комплекс УЗУС“, кои го нарушуваат јавниот простор и ссопствениците без да платат ниту денар за користење на јавна површина. На овој начин се создава нелојална конкуренција кон трговците, угостителите и граѓаните кои го почитуваат законот и ги плаќаат сите давачки кон општината и државата.
Бесправното поставување и користење на времени објекти на локациите каде според урбанистичките планови во Општина Велес треба да има зелени површини и пракинзи, во изминатите неколку децении резултираа со енормно загадување на воздухот и нарушување на урбанистичките целини и пејсажи. Врз основа на оваа анализа како и итната потреба за подигање на нови зелени површини и садење на дрвја за да се намали загадувањето, Општина Велес ги започна активностите за етапно отстранување на времени и бесправно изградени објекти: настрешници, гаражи, киосци и сл. Во првата фаза опфатени се 27 објекти на улиците „Андон Шурков“, „8-ми Март“ и „Христо Татарчев“ - велат од локалната власт.
Акцијата најавуваат дека ќе продолжи со отстранување на сите времени и бесправно изградени гаражи односно објекти од овој тип, на подрачјето на градот кои според проценките се околу 600.
Општина Велес апелира до сопствениците на објектите да соработуваат во интерес на примена на законот и во интерес на сите граѓани и да придонесат урбаниот простор и зелените површини да бидат достапни за сите граѓани подеднакво.
фото: Општина Велес
Tweet |