Петар Печков
Објавено: среда, 18 ноември 2026
Во две контроли на сообраќајната полиција, во два дена, констатрирани 27 прекршоци сторени од страна на возачите. Контролите биле дел од републичката акција. Ова се податоците за подрачјето на Општина Велес, добиени по поставено прашање до СВР Велес.
„На 13-ти ноември при спроведената акциска контрола, на подрачјето на Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, биле контролирани вкупно 30 возачи и возила, при што биле констатирани 18 прекршоци во рамки на акциската контрола, како и 7 останати прекршоци. При акциската контрола спроведена на 15 ноември не се констатирани прекршоци за непрописно престигнување, додека од вкупно контролирани 27 возачи и возила биле констатирани вкупно 9 прекршоци од друг вид“ – соопштија од СВР Велес.
| Tweet |




