Петар Печков
Објавено: петок, 04 март 2016
Дваесет и осмата генерација на војници, кои доброволно служат воен рок во велешката Касарна Алексо Демниевски Бауман, дадоа свечена заклетва. Седумдесет и три војници, меѓу нив и четири девојки . Во наредните три месеци тие тука ќе се стекнат со знаења и вештини од основната воена обука. Таа ќе се реализира во Центарот за индивидуална обука, кој е во рамките на Командата за обука и доктрини. Во оваа класа се 73 војника меѓу нив и четири девојки.
Како единствена женски војник во семејството, града сум што с е одлучив на овој чекор во животот. Како мала се восхитував на војската и сакам да и служам. Мило ми е што и на девојките им се даде можност да служат војска - рече Бојана Танчевска од Миравци- Гевгелиско, завршена средношколка.
Таа додаде дека првите денови во АРМ се ново и тешко искуство, посебно будењето наутро во 5, но објаснува дека се привикнува. Меѓу војниците беше и тетовецот Имран Сулејмани.
Сакам да ја продолжам традицијата од мојата фамилија, некои се старешини, други се професионални војници. Еден ден и јас ќе бидам како нив - рече Сулејмани. Тој и останатите доброволци, служењето на воениот рок им е шанса за полесно д стигнат до професијата војник. Но надлежните најавија дека од годинава ќе има новина, се вреднува нивното војникување
Резултатите на војниците кои служат доброволно, по завршувањето на воениот рок ќе бидат вреднувани и ќе бидат од суштинско значење при идната селекција на тие кои својата иднина ја гледаат во редовите на АРМ - рече командантот на Командата за обука, полковник Љупчо Костовски.
Свечената заклетва на новите војници, доброволци им ја честита и државниот секретар во Министерството за одбрана, велешанката Елизабета Чуповска Ристова.
Изборот за доброволно служење е чекор напред во изборот на вашата идна професија. Токму од вас ќе продолжи идната селекција за идните професионални војници на АРМ. Во вашата обука ќе бидете обучувани од најдобрите искусни инструктори, кои ќе ве научат на најдобрите вештини и воената мисија. Со денешната заклетва се обврзувате да ја браните Република Македонија и нејзините највисоки Уставни и човекови вредности - рече Чуповска Ристова.
Tweet |