речник контакт

3Д КИНОВЕРЗУМ најавуваат дека ќе започнат со кино проекции до крајот на јануари

Можно е првиот филм на репертоарот да биде Аватар: Патот на водата

Петар Печков

Откако  јавниот повик  на Општина Велес,  за работа со кино салта и опремата, го доби 3Д КИНОВЕРЗУМ од Свети Николе, тие  најавуваат дека наскоро ќе започнат и со емитување на редовна филмска кино програма, откако ќе ги завршат правните постапки.

„Доколку се оди според плановите, Киноверзум во Велес ќе биде отворен до крајот на јануари 2023. Не можеме да  потврдиме точен датум во моментов, но секако ќе биде многу бргу по завршување на административните работи за отворање на подружницата“ - пишува во одговорот на  поставеното прашање од ТрМр до друштвото.

Најавуваат дека во Киноверзум ќе се прикажуваат филмовите од најновата светска филмска продукција.

„Најновите филмски хитови ќе имаат своја премиера во Велес во истиот ден кога ќе бидат прикажувани во најголемите светски метрополи. Секој четврток ќе носиме нови филмови во Киноверзум во Велес. Филмот со кој ќе го отвориме киното, зависи од неделата во која ќе отвориме, но ние навистина би сакале да започнеме со Аватар: Патот на водата поради спектакуларните визуелни ефекти“ - додаваат од 3Д КИНОВЕРЗУМ.

3Д КИНОВЕРЗУМ на јавниот повик ја добија на три годишно користење салата „Бели мугри“, каде е инсталирана современа кино опрема. Во Велес киното 11 октомври престана со работа во август 2005 година, а сегашното се опреми а салата се реконструира со општински пари во висина од 76 илјади евра, но имаше само две проекции на еден филм.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »