речник контакт

3,5 години потоа и натаму заедно, топилница ,,не,, фала

Велешките политичари за една работа покажаа монолитност, топилницата не ни треба тука

Петар Печков

Ова фотографија е од протестот одржана на 10 јуни 2008, направена во 18,.45. На неа се градоначалникот Петров, претседавачот Чадиев, пратениците Димовски и Николов и советникот Гавазов, првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Велес. И тогаш и денес, тие со идентичен став, топилницата за олово и цинк не треба да работи на постојната локација. Во продолжение нивните ставови зошто овој капаците не е потребно да работи на сегашната локација.

За градоначалникот на Велес бидјеќи  општината  од индустриска, сега стана претежно земјоделска.

Носечки гранки се прехранбената индустрија и преработката на месо. Што ќе се случи со овие капацитети и луѓето кои таму го вадат лебот и живот, ако проработи топилницата. Каква ќе биде нивната храна и месо. Ќе се исполнуваат ли европските стандарди. Развиваме туризам, вински, транзитен, културен, но сето тоа ќе сопре штом гостите ги видат густите облаци од чад од комбинатот -  вели  Горан Петров градоначалник на Велес.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски

Подолг временски период, во повеќе изборни циклуси јавно велев дека топилницата не е потребна на градот. Останувам на овој мој став, заради идните генерации. Апсолутно стоиме на  располагање на Зелената коалиција и на Општината  во секоја смисла и во секој момент да помогнеме  и оваа битка која ја водиме  како граѓани на Велес да ја добиеме, вели Димовски.

Пратеникот од СДСМ Марјан Николов

Јас сум против рестартирање на Топилницата. Таа не носи добро за велешани, нејзините пари не носат здравје.  Спремен сум  како пратеник се што е потребно да сторам, во Собранието  да поднесеме Закон со кој што ќе се забрани рестартирањето на Топилницата на постојната локација - рече Марјан Николовски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »