речник контакт

30 години од Командата за обука и доктрина (фото)

Командата работи во касарната „Алексо Демниевски Бауман“

Петар Печков

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес  беше одбележан 15 април Ден на Командата за обука и доктрини и 30 години од кога во касарната во Охрид, ден порано пристигна првиот регрут војник во новоформираната Армија.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска потенцира дека еден од високите приоритети на  Министерството за одбрана заедно со Генералштабот на АРМ  во наредниот период ќе биде донесувањето нови стратегиски документи и концепти за одбраната и доктрината.

„Поставивме  цел меѓу документите кои треба да се усвојат да бидат и концептот и доктрината на Армијата на Република Северна Македонија, по нејзиното зачленување во НАТО за кои сметаме  дека е еден од најважните документи за одбраната по долгорочниот план за развој на одбраната. Истиот согласно променетите услови и потреби ќе биде ажуриран и донесен како нов“- кажа министерката Петревска.

Додаде дека со членството во НАТО целосно ги отворивме вратите на можностите за доедукции и усовршување, а обуките за земјите на НАТО се и обука за нашата армија.

За полигонот Криволак појасни дека е капацитет освен на земјава, но и капацитет на НАТО затоа и на овој полигон развиваат нова инфраструктура и нови содржини. При тоа посебно внимаваат и на зачувување на животната средина со мерни станици кои се поставени во соработка со Универзитетот од Штип.

„Огромно е значењето на обуката која учесниците во мировните мисии кои ја добиваат токму тука. Од нивото на обученоста зависи и нивното однесување на терен,снаодливоста во вонредни ситуации,брзината на тимот и реакцијата.Во сите овие сегменти нашите мировници предничат во НАТО и другите меѓународни мисии токму благодарение на високите стандарди и способности на обучувачите од Командата за обука и доктрини“ оцени министерката Петровска.

Началникот на ГШ на Армијата на Р. Македонија генерал мајорот Васко Ѓурчиновски честитајќи им го празникот на припадниците на КОД, најави дека Армијата продолжува таму каде веќе има воспоставено постигнувања.

„Едукацијата и образованието на младите кадри е тежишна мисија на КОД. Питомците на Воената академија се нашата иднина, но и младите војници регрути кои го поминуваат првиот војнички период во велешката касарна. Сега во курсевите кои ги организираме за подофицери, како и курсевите за потребите на службите во Армијата .Вие и понатаму ќе имате поодршка од ГШ на Армијата и од Министерството за одбрана во приоритетите“ - им порача началникот на ГШ генерал мајор Ѓурчиновски.

Додаде дека развојот на полигонот Криволак , што е составен дел на КОД- Командата за обука и доктрини е еден од нашите врвни национални приоритети, како и едукацијата на кадрите во Армијата. Тој најави дека ќе дадат приоритети исто така во статусот и стандардот на Центрите за обука во зимски и во летни услови, како и Центарот за симулации кој се наоѓа во гарнизонот на велешката касарна. Најави и продолжување на едукацијата на странски јазици.

Во Командата за обука и доктрини покрај регрутите од 1992 до 2006 години низ програмите за обука се обучени  39 генерации млади кои отслужиле доброволно  воениот рок, а многумина од нив кои успешно ја завршија основната воена обука, денеска се составен дел од активниот состав на Армијата. Изминатите години успешно реализираа основни курсеви за подофицери и кандидатите се стекнаа со првите подофицерски чинови.

Во КОД се реализираат и курсевите за основна и напредна индивидуална обука на професионалните војници како и курсевите за континуирана едукација и развој на подофицерскиот кор на АРМ. Во Центарот за обука на питомци се врши планирање и реализација на воена обука на идните офицери како и претставници од нашите пријателски земји БИХ,Косови и Црна Гора. Центарот за странски јазици, Центарот за одгледување и дресура на кучиња, Центарот за симулации во континуитет годишно подготвуваат по стотина подготвуваа припадници на Армијата за постигнување на подобри резултати во работата во согласност во согласност со прифатените НАТО стандардизациски договори.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »