Петар Печков
Објавено: вторник, 31 мај 2016
Викендов се одржа првиот Оутдор фестивал Даутица, на кој учество земаа околу 300 учесници од земјава и неколкумина гости од странство. Иако истовремено се организираа неколку слични масовни настани во Мариово, Титов Врв, организаторот е задоволен од одзивот и присуството.
Повеќе од 200 планинари, од нив стотина се качиле на врвот Даутица 2178 метри надморска височина, биле присутни и 70 бајкери. Во склопот на Фестивалот се одржа и Државно Првенство на Македонија во планинско трчање каде земаа учество 15-тина учесници.
Во отсуство на Државниот првак, Бонев Марјан од АК Велес, кој учествува на трка во Шпанија, прв беше Срѓан Милошевски од АК Изгрев, а Трајче Михов Т од АК Велес беше седми. Настанот е од слободен карактер без учество - котизација.
Единствена тешкотијата за дел од гостите била каде да се паркираат големиот број возила кои пристигнале во Папрадиште. Организаторот го радува учеството на 100-тина велешани, некои и за првпат дојдени на ваков настан.
Tweet |