Петар Печков
Објавено: недела, 11 декември 2011
Имаше и шегобијни нстани но и сериозни екипи, кој дојдоа да победат по секоја цена, па доживеаја дисквалифакција. Ова беа настаните од саботното Гол шоу кое се одржа во салата Гемиџии.
Победникот Детскиот Младински парламент и победуваше и се забавуваше, втори беа Зелената коалција кои ја има поддршката од судиите и трети беа функционерите кои стигнаа до ова место со една фалц победа, а сите други им ги предаваа. Имаше и женски фудбла советничките кои заборавија дкеа се игра фудбал па играа ракомет. Крајно сериозни беа АРМ и СВР кои поради тоа добија црвен картон. Беа тука и ловџиите со екипа која половина пушка нема фатена и рибари од кои малкумина имаат риба вкусено. Екипата на Болница немаше ниту еден доктор бидејќи сите биле зафатени па имаше само медицински браќа, а локалната беше составена од пожарникари кои добро е што во тие моменти немаше никаде оган толку беа внесени во играта.
На крајот се собраа шест илјади денари кои се наменети за децата заболени од церебрална парализа и со тие средства треба да заминат на еднодневна екскурзија на Шапка или Маврово.
Беа доделени награди и за мрза на теренот, неправедно на Далиборка Златева иако жената се вложи многу во организацијата на теренот, за нај стрелец советничката Елизабета Чуповска која две третини од головите ги даде со рака, за плачко беше свештеникот Борче Бобевски, за поткупен судија Димче Левков кој толку им помогна на советниците што дури сам даде гол, најслаба голман беше Петар Илиев директорот на Интернато кој головите ги примаше како локуми па се жалеше на слабата одбрана на неговата екипа...
И малку серизоност следната година турнирот да се органзира во топла сала или во топол дел од годината, за да не биде игран пред празна и кочан ладна сала
Tweet |