Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 септември 2013
Во неделата на езерото Младост се одржа 33-тиот риболовен куп ,,Ласка,, во организација на ЗСР Бабуна од Велес. Учествуваа 15 екипи од Србија, Косово и Македонија.
Најдобри резултати постигна спортските риболовци од Косово , екипата на АС Приштина пред екипата на Јабланица од Лебане а третото место го поделија Кркушка од Велес и Крап од Радовиш.
Најголемото уловено парче беше од 800 грама и тоа како се што беше фатено, по завршувањето беше вратено во водите на езерото Младост.
Tweet |