речник контакт

34 спасени давеници летово во велешко

Во три случаи родител со дете. Сите се спасени благодарение на спасителите од Здружение за безбедност на вода

Петар Печков

 Здружение за безбедност на вода и планина Македонски спасител од Велес летово имаше полни раце работа. На двете водени површини, каде нивните спасувачи беа ангажирани тие имаа 31 интервенција при што се спасени 34 човечки животи.  На градскиот базен каде беа професионално ангажирани имале 28 интервенции, додека на езерото Младост каде доброволно се ангажираа преку викендите и празниците имале три успешни обиди за спасување на човечки животи.

Во три случаи спасивме родител со малолетно дете. Тие беа од Скопје, Велес и селото Смоквица. Сите поради невнимание, кога се преминува од плиткиот во длабокиот дел од базенот.  Во повеќето случаи давеници се лица кои ги преценуваат своите физички можности, потоа непливачите. Но затоа со привремена интервенција на спасителите сите се  спасени.  Приоритетна цел на здружението е да врши превенција и заштита, а со тоа и да се спаси човечки живот – вели Ангел Пановски претседател на    Здружение за безбедност на вода и планина Македонски спасител. 

Возраста на давениците е од 6  до 40 год. Годинава тие за прв пат свои спасителен пункт имаа и на езеро Младост, каде доброволно се ангажираа и спасија четири можни жртви од давење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »