Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 декември 2018
Советот на Општина Велес донесе одлука за доделување на времено користење на простории на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес во кои ќе ги извршуваат своите активности согласно регистрираната дејност, а врз основа на распишан јавен повик.
Просториите се даваат на времено користење од три години без надоместок. Здруженијата немаат обврска да плаќаат закупнина за просторот, но имаат обврска редовно да ги подмируваат сметките за комунални трошоци (струја, вода и др.) и тековно да го одржува просторот. Простории добија 36 граѓански здруженија.
Во просторија од објект на улица „Трајко Панов“ бр.22 , популарно наречена зградата на невладините простор добија: Урбана заедница „Димче Мирчев“, Извиднички одред-„Димитар Влахов“,Еколошко друштво „Вила Зора”-Велес, Друштво на родители за грижа на здраво поколение -Велес, Здружение на граѓани младински образовен форум-Скопје и Здружение Центар на активни граѓани АКТИВО, Велес, Фондација за локален развој и демократија Фокус, Велес, Спортско здружение КАЈАК-КАНУ АРКА БОРЕЦ-Велес.
Просторија од објект на улица „11 Октомври“бр.5 кај Симпо, простории добија: Урбана заедница „Алексо Демниевски Бауман“, Здружение на граѓани Макробиотика Зафиров Велес, Меѓуопштинско Здружение на лица со телесен инвалидитет на општина Велес Чашка и Градско-МОБИЛНОСТ Велес,
Просторија од објект на улица „Тодор Јанев“ бр.7 А на користење добија Урбана заедница „9 ти Ноември“, Здружение на граѓани- Градски шаховски клуб-Велес, Здружение за заштита на човековите права на прогонетите од егејскиот дел на Македонија -Ѕвезда,Велес, Здружение на бранители- учесници во воениот конфликт 2001-2002 година, Велес.
Просторија од објект на улица „ Благој Ѓорев “ бр.35 А на кривините кон Болница, добија Урбана заедница „Трајче Панов“, Организација на жените на Општина Велес, Здружение на спортски риболовци БАБУНА-Велес, Здружение на граѓани Кинолошко ВИЛА ЗОРА-КАНИС,Велес,
5. Просторија од објект на улица „Архепископ Михаил“ 156, кја училиштето Св. Кирил и Методиј добија Урбана заедница „Славе Петков“, Здружение на лица со церебрална парализа, Здружение на граѓани Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби просторија,
6. Просторија од објект на улица „Димитар Влахов“ бр.57, во хотел Вила Зора простории добија Урбана заедница „Богдан Каракостев“, Општинска организација на Сојузот на борците од НОБ на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Велес, Визија-Центар за научна фантастика на Македонија,Велес, Здружение за естрадни уметници, магионичари и илузионисти Маги Магнус Студио-ММС, Велес, Здружение БАЛКАНСКИ МУЗИЧАРИ ЦЕНТАР -Велес, Здружение Јени Хајат Ќупурли 2000, Здружение „Ќупурли Дернеги“.
Просторија од објект на улица „Цар Самоил“ бр.1 Зградата на Синдикатот простории добија: Здружение за инвалидски пензионери на Општина Велес, Здружение на дијабетичари ,,Шеќерче Лилипоп”-Велес, Здружение на граѓани „Разбој“,Планинарско друштво „Бабуна“, Еколошка групација Грин Пауер-Велес, Здружение на СПОРТСКИ ВЕТЕРАНИ-ВЕЛЕС,
Здружение за безбедност на вода и планина Македонски спасител, Велес добија просторија од спортската ,сала „Гемиџии“
Tweet |