речник контакт

3-ти декември Светски ден на лицата со посебни потреби

Заборавени и маргинализирани, на нив се сеќаваат само ден два пред 3-ти декември денот на лицата со посебни потреби, останатите 360 дена се прескокнати

Петар Печков

Многу активности и акции за обележување на 3-ти декември Светскиот ден на лицата со посебни потреби. Работилница во Специјалното училиште Маца Овчарова, многу подароци и донации за нивните ученици но и за децата од  Дневниот центар, хуманитарни концерти и се тоа е добредојденоно каква е фактичката состојба.

Малку  институции кои се достапни за лицата со инвалидитет, Основен суд, Градска библиотека и Медицински центар но само на првиот кат, сите останати вклучувајќи ги и подрачните единици на Министерства се недостапни, што ќе рече дека таа што треба да се грижи, државата одамна ги ставила по папката заборавени. Од минатата година децата со посебни потреби можат да учат во сите основни училишта, но како кога нема дефектолози.

Заменик министерката за образование пред два дена во Гроно Врановци рече побарале да се примат 12 дефектолози во основните училишта во Македонија, но барањето подолго време стоело во Министерството за финансии. Лицата што се завршени мака мачат да се вработат, за нив повеќето фирми и институции, вклучувајќи ги и државните се затворени. Младинскиот парк, каде се одржуваат бројни хуманитарни приредби токму за овие лица е недостапен за нив, нема приодни патеки.

И таман локалната власт пред половина година најави дека ќе се гради, се попишманија, тоа ќе се решело за некое време,,кога зградата на театарот ќе била завршена, па тогаш ќе имало и пристапна патека за лицата со посебни потреби.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »