Петар Печков
Објавено: четврток, 05 јануари 2023
Светиниколското 3D кино „Киноверзум“ е избрано како кино прикажувач, кој ќе работи со велешкото кино. ТрМр постави прашање до локалната власт, за постапката за изборот, при што е добиен следниот одговор.
„По завршената постапка за избор на кино прикажувач во Велес избрано е унивезитетското 3D кино „Киноверзум“. Закупот на техниката и на салата е на три години а месечната закупнина ќе изнесува 30.707,00 денари без ДДВ“- соопштија од локалната власт.
Киното кое се наоѓа во салата „Бели мугри“ која беше обновена и опремена со нова опрема, инвестиција од локалната власт, вредна 76 илјади евра. Таа се отвори со прикажување на само еден филм, македонскиот „Стела“ на 10 октомври 2020 година. Оттогаш се нема одржано кино претстава.
Претходно киното11 Октомври работеше до август 2005 година. И исто толку време градот е без кино прикажувачка дејност.
Tweet |