Петар Печков
Објавено: сабота, 16 октомври 2021
За неделните избори во општина Велес во избираниот список се запишани 45.892 гласачи со прво на глас. Од нив 83 не се на територијата на Општината и бидејќи тоа се затвореници, тие имале можност да гласаат денес, сабота.
За потсетување на локалните избори 2017-та имаше 46.612 гласачи а на локалните 2013-та 46.261.
Во Општина Градско бројот на избирачи е 3.113 граѓани, додека во општина Чашка бројот на запишани гласачи е 6.171.
За разлика од останатите претставници на ОИК, заменикот претседателот на ОИК Лозово, Виолета Спасова Колева не ги даде бараните инфорамции.
Според Изборниот законик, се смета дека во првиот круг од гласањето некој е избран за градоначалник доколку добие мнозинство од гласовите на избирачите кои излегле да гласаат, но услов е излезеноста да биде најмалку една третина од вкупниот број запишани избирачи во Избирачкиот список за соодветната општина.
Ако на изборите гласаат една третина од гласачите, но никој од кандидатите нема мнозинство од гласовите, тогаш во рок од 14 дена се одржува вториот круг, во конкретниот случај тој е закажан за 31 октомври.
Во вториот круг одат само двајцата кандидати кои имале најмногу гласови во првиот, а победува оној кој добил поголем број гласови.
За изборот на советници, се гласа еден круг, само в недела. Колку советници од секоја од поднесените листи ќе влезат во новите совети на општините се пресметува по Донтовата формула.
Tweet |