Петар Печков
Објавено: четврток, 12 ноември 2026
Државниот завод за статистика ги објави податоците за бројот на новороденчиња и на починати за првите шест месеци од годинава. Како и за повеќето општини во земјава, така и за општина Велес се поразителни. Во првото полугодие биле родени 162 бебиња во велешка болница а починале 304 лица. Или општината е во минус 142 жители. Загрижувачка бројка.
Во Општина Градско има 6 новороденчиња и 23 починати, во Општина Лозово 4 родени бебиња и 11 починати за шест месеци а во Општина Чашка има позитивен природен присраст 53 родени и 38 починати, или повеќе за 15 лица.
Таа е една од 13 општини со позитивен прираст. Тука се Сарај, Шуто Оризари, Чаир, Арачиново, Боговиње, Дебар, Желино, Зелениково, Липково, Сопиште, Студеничани, Теарце, Тетово и Центар Жупа.
| Tweet |




