Петар Печков
Објавено: среда, 20 јануари 2016
Двајцата крадци кои од сеф на велешки адвокат одземаа околу 250 илјади денари го признале делото пред судот. По признание на вина Васил Тодоровски ( 52 год) добил две години а Јован Киров ( 46 год) добил 2,5 години затвор. Затворска казна на Киров е повисока оти во казнената евиденција тој имал и други правосилно затворски казни.
Делото за кое беа осудени беше тешка кражба, која се случи на 28 ноември минатата година, во ноќните часови, на улица Гоце Делчев. Тодоровски и Киров прво насилно влегле во канцеларијата, па насилно го отвориле металниот сеф и од него одзеле 3.650 евра, 480 долари и 9450 денари. По ова ја напуштиле канцеларијата и зградата, но налетале на полициска патрола, по што почнала бркотница по блиските улици.
Двајцата обвинети биле фатени, кај нив пронајден алат за разбивање, фантомки за маскирање, клучеви калаузи а во блиска просторија на улица Страшо Пинџур, биле пронајдени и сите пари одземени од адвокатската канцеларија. Тодоровски и Киров го признале делото по што се прогласени за виновни и им се изречени затворски казни.
Tweet |