речник контакт

4 илјади садници подарок од Прокредит Академијата за велешани

Стотина посетители на Прокредит Регионалната Академија од десетина земји на Југо-источна Европа, им подарија на велешани 4 илјади нови садници дрвја

Петар Печков

ПроКредит Регионална Академија ИЕ изврши биолошка рекултивација - пошумување на четири
хектари ненасаден терен на локација во непосредна близина на Езерото Младост, над селото Новачани.

Целите на овој проект се повеќекратни: одржлив развој и унапредување на животната средина, заштита на земјиштето од ерозија, збогатување на растителниот и животинскиот свет, создавање на нови зелени површини, создавање на нови пејсажни вредности, подобрување на микроприродните услови и растење на еколошката свест кај граѓаните.

Засадената површина е во сопственост на Република Македонија, а е стопанисувана од  ЈП Македонски шуми. Инвестицијата на ПроКредит Регионална Академија ИЕ се
состои во засадување на 4 илјади садници од јасен, габер, даб, бреза, изградба на шумски пат за олеснет пристап до локацијата, како и поставување на заштитна ограда околу неа.

Ова од причина што пошумувањето е извршено со млади фиданки, па неопходно беше просторот да се заштити со цел да се спречи уништувањето на садниците.

 Акцијата е уште една потврда за силната општествена одговорност на ПроКредит Регионална Академија ИЕ, во согласност со стратешката определба и мисија на ПроКредит групацијата за грижа за животната средина и заедницата во која постои и работи. Веруваме дека со неа  ќе придонесеме за почиста животна средина во Велес и неговата околина - велат од Прокредит Регионалната Академија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »