Петар Печков
Објавено: сабота, 30 април 2011
ПроКредит Регионална Академија ИЕ изврши биолошка рекултивација - пошумување на четири
хектари ненасаден терен на локација во непосредна близина на Езерото Младост, над селото Новачани.
Целите на овој проект се повеќекратни: одржлив развој и унапредување на животната средина, заштита на земјиштето од ерозија, збогатување на растителниот и животинскиот свет, создавање на нови зелени површини, создавање на нови пејсажни вредности, подобрување на микроприродните услови и растење на еколошката свест кај граѓаните.
Засадената површина е во сопственост на Република Македонија, а е стопанисувана од ЈП Македонски шуми. Инвестицијата на ПроКредит Регионална Академија ИЕ се
состои во засадување на 4 илјади садници од јасен, габер, даб, бреза, изградба на шумски пат за олеснет пристап до локацијата, како и поставување на заштитна ограда околу неа.
Ова од причина што пошумувањето е извршено со млади фиданки, па неопходно беше просторот да се заштити со цел да се спречи уништувањето на садниците.
Акцијата е уште една потврда за силната општествена одговорност на ПроКредит Регионална Академија ИЕ, во согласност со стратешката определба и мисија на ПроКредит групацијата за грижа за животната средина и заедницата во која постои и работи. Веруваме дека со неа ќе придонесеме за почиста животна средина во Велес и неговата околина - велат од Прокредит Регионалната Академија.
Tweet |