Петар Печков
Објавено: недела, 07 декември 2014
Нада и Веле Алексовски го одбележаа нивниот 40 годишен јубилеј од работата, Нада како поетеса Веле како историчар. Во саботата вечер текстовите од нивите дела, децата од градинките , од основните и средни училиште ги оживеаја со изведба и кореографија, а изработено по идеја на актерката Весна Бобевски.
Овој настан има повеќе поводи, во чест на децата со посебни потреби, на Денот на дрвото одлучивме нашиот јубилеј од четири децении заедничка работа да го одбележиме со овој настан. Тој е круна на нашата научна и уметничка работа, таа сопругата е поетеса јас историчар и раскажувач - изјави Веле Алексовски.
Нивните текстови беа оживеани со помош на децата од градинките, од основните и средни училишта од Велес, во салата Бели мугри.
Tweet |