Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 декември 2006
Нови простории за градската библиотека како и излегување од анонимноста на стрипот се главните активности во културата, кои општина Велес ќе ги работи во наредните две години.
Локалната власт го донесе предлогот на содржините за следните две години, што е невообичаено и досега не било пракса, но овој пат за тоа велешани имаа причина тешка 40 илјади евра.
Имено Холандската Влада распиша конкурс во вредност од 40 илјади евра, средства со кои ќе ги поддржи активностите во областа на културата во еден град во Македонија. Тие ќе бидат подеднаков распоредени во 2007 и 2008 година, поради што градот побрза да ја состави листата на културни настани во овој период.
- Програма за активностите на општината во областа ?а културата за период од две години ќе и овозможи на Општина Велес како избрана од Владата на Кралството Холандија да аплицира до Амбасадата на Кралството Холандија за добивање на финансиска поддршка за реализација на програмата преку Фондот за култура и развој – изјави градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Тој очекува дека на овој начин ќе биде симнато прашањето со просторот на Градската библиотека „Гоце Делчев“, која ќе добие нов адекватен на фондот книги со кој располага и тие веќе нема да мувлосуваат во старите депоа.
Велес како град домаќин на Стрип салонот, во наредната година ќе работи на негова популаризација а на фасадите од централното градско подрачје, се предвидува цртање на мурали, со што оваа уметност би излегла од анонимост.
Следната 2007 година како јубилејни години градот ќе ги одбележи и 100 годишнината од раѓањето на Петре Прличко, 130 години од смртта на Рајко Жинзифов и 150 години од најстарото училиште на македонски јазик „Св. Кирил и Методиј“.
Планирано е пред нов изградениот Ликовен салон да се уреди Парк на уметноста, каде ќе се поставуваат скулптури на слободна тема.
Локалната власт очекува до крајот на годината да го добие одговорот од Холандската Влада, дали Велес ќе ги добие 40-те илјади евра наменети за културата.

Tweet |