Петар Печков
Објавено: среда, 08 јули 2020
СВР Велес информираше дека од претходните два дена, понеделникот и вторникот, казнети се 44 лица, кои не ја почитувале Уредбата на Владата за задолжително носење на заштитна маска.
При тоа во понеделникот биле казнети 24 граѓани а вчера, во вторникот - 20 лица. Тие не ја носеле заштитната маска а додека се движеле по улиците нa грaдот.
Паричната казна е 20 евра, доколку се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.
Tweet |