Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 септември 2024
Општина Велес ја продолжува обврската од пред две години, за финасиска помош на сите првачиња. Годинава средства во висина оа 1.536.651 денар ќе добијат 461 прваче од основните училишта во Велес, Иванковци и Горно Оризари.
Оваа одлука беше донесена на 18-тата седница одржана на 7 јули 2022 година. Првата година финансиска помош добија 473 првоодделенци.
„По прибирањето на податоците од сите училишта завршена е и административната проверка и обработка, со што денес средствата ќе бидат на располагање на трансакциските сметки од родителите/старателите – соопштија од локалната власт.
Локалната власт финансиски помага и на секое новороденче со еднократна парична помош во висина од три илјади денари
Tweet |