речник контакт

49-ти Рацинови средби

Поетите од Македонија и Балканот,четврток и петок, ќе му оддадат почит на Кочо Солев

Петар Печков

Четврток и петок Велес ќе биде домаќин на 49-тите Рацинови средби. Организаторот локалната власт, создаде програма со која ќе се оддаде почит на македонскиот поет и револуционер а поетите ќе се претставата со дел од нивното творештво за  изминатите дванаесет месеци. По повеќе годишна пауза се враќа Алманахот на Рациновите средби.

Содржината на Средбите  е еден вид колаж од   активности што ја прават манифестацијата различна од претходните и нудат нови форми на изразување, со кои е обидуваме да  ги откриеме сите  димензии на Рацин. Останува општиот непроменливиот дел, тоа е почитта кон Рацин. Вториот дел го креираа граѓаните на Велес, преку невладиниот сектор. Ќе има изложба на грнчарски производи, етно – работилници ткајачка, грнчарска и столарска кои оваа седмица се одржуваат во куќата на Рацин, Главинов и на Касапови,  со тоа што тие ќе бидат отворени за посетителите. За прв пат по 15 години, се промовира Алманахот на Рациновите средби од претходната година, со што се остава траен документ за сите случувања, беседите, симпозиумски труд и песните на поетите кои настапуваа на Поетскиот митинг лани    – најави Горан Петров градоначалник на Велес.

Годинава Беседите за Рацин ќе ги имаат поетот Илхами Емин и Иван Џепароски, како и добитникот на Почесното Рациново признание. Наградите на добитниците на Рациновото признание Христо Петрески и на Почесното Рациново признание Костас Валетас ќе им бидат врачени в петок вечер. Четврток вечер пак е поетскиот митинг на кој ќе учествуваат 17 поети, пет од нив се од странство, Бугарија, Грција, Романија и Србија.

Членовите на  локалниот литературен клуб ,,Кочо Солев Рацин,, ќе настапат со своја проза в петок во куќата на Рацин.  На двете вечери од манифестацијата  ќе има и музички концерт, првата со составот ,,Старовски,, кој на јавноста и е познат по музиката која ја изведуваат исклучиво на текстови на македонски поети, додека втората вечер во чест на добитниците ќе настапи оркестарот на Пеце Атанасовски.  Среда делегација од општина Велес и манифестацијата  ќе го посети гробот на Кочо Солев на Лопушник.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »