Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јули 2024
Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Технолошко - Техничкиот факултет, од есен во новата академска година 2024/25 ќе запише 50 бруцоши.
На двете насоки , прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има по 25 слободни места, од кои по пет се за вонредни.
Ова е согласно конкурсот за упис на студенти во прва година, кој го објави Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, во чии рамки постои и работи факултетот.
Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши.
Партиципацијата е 200 евра за државната квота и двојно повеќе, 400 евра за вонредните студенти.
Ова е шеста година по ред со ист број слободни места за упис на студенти во прва година на Технолошко - Техничкиот факултет во Велес. Наставата трае осум семестри.
ТТФ има настава и во Битола за нутриционизам, и во Кичево за прехранбена технологија и биотехнологија и со по 25 места за упис, од нив 20 се во државна квота и пет се вонредни.
Пријавувањето на кандидатите ќе биде во три уписни рока: 26-30 август; 13 -16 септември и на 24 септември.
Tweet |