Петар Печков
Објавено: среда, 20 август 2014
Петстотини илјади денари ќе добие авторот на текстот кој ќе победи на конкурсот за дело кое премиерно ќе го го отвори новиот Велешки театар.
Новата зграда на театарот "Јордан Хаџи Константинов - Џинот" свечено беше промовирана на крајот на јуни, а театарската сезона ќе почне од есенва.
Конкурсот , распишан од Министерството за култура заврши на 20 август, а резулатите за победникот ќе бидат соопштени на 5 септември.
Директорот на Велешкиот театар, Јордан Витанов рече дека во зависност од тоа какви дела ќе добијат, ќе резимираат и според карактеристиките на текстот ќе одлучат кому да го понудат да го режира. Витанов се надева дека во септември ќе почнат пробите за таа претсвата и оти премиерата би се очекувала на крајот на октомври па до средината на ноември.
Новиот Велешки театар е на површина од 4.200 квадратни метри, има голема сала со капацитет од 370 посетители и мала сцена која може да прими од 50 до 110 посетители. Објектот е дело на архитектите Илија и Моника Стојчевски и на Билјана Христова од "Проектинг", а се градеше повеќе од осум години.
Tweet |