Петар Печков
Објавено: сабота, 14 јуни 2014
Два дена Велес живееше со Рациновите средби, годинава по 51 пат. Во петокот вечерта свечено беа доделени наградите , на Паскал Гилевски Рациновото признание за романот Посмртна венчавка издание на Матица македонска, на Тања Ступар Трифуновиќ Почесното Рациново признание.
Оваа книга е еден вид реквием за моите родители кои судбината сурово ги откорна од родните краишта .Потрагата по идентитетот на двајцата родители е приказната која од романот се префрли во реалноста на сите Македонци, преку овој апсурден спор на соседите. Овој роман не е судија, литературата не е суд, туку крунски сведок на човечката историја. Рацин претставува алка меѓу минатото и иднината. Тој за живот не добил ниту една награда а по смртта со е неговото светло име не наградува. За нас децата бегалци кои со години живеевме во детски домови далеку од дома, без родители, во летните жеги и студените зими, неговата поезија беше нашата духовна врска до татковината. Неговите силни стихови не дозволија да го заборавиме мајчиниот јазик Така Рацин, кој никогаш во живото не бил венчан судбината го венча со Македонија и затоа треба се чува неговото име и дело како најголемо национално богатство –рече Паскал Гилевски при добивањето на градата.
Наградата Почесно Рациново признание за афирмација на македонската литература и култура надвор до границите на земјата ја доби Тања Ступар Трифуновиќ од Бања Лука БиХ За неа оваа награда е повеќе потстрек за развој на врските помеѓу Македонија и БиХ во иднина да бидат подлабоки и посилни. А поезијата е токму јазикот на кој најлесно може да се разбере.
Беседата за Рацин годинава беше на д-р Весна Мојсова Чипишевска
Издавањето на Бели мугри е крупен настан во културната и политичка историја на Македонскиот народ, таа е врвен дострел на Рациновото творештво, дело неделиво од неговото класно и национално определување. Тоа е издание на јазикот кој бил забрануван и одрекуван. Бели мугри е трето дело издадено на македонски јазик во предвоен период, по стихозбирките на Венко Марковски Народни бигори и огинот објавени 1938. Сепак Бели мугри е првата издадена на народен јазик во рамките на тогашна држава Кралството Југославија во која Македонија бил нејзин дел
Чепишевска потсети дека оваа 2014 година треба да одбележиме не само 75 години од издавањето на Бели мугри, туку и два други ретки јубилеи.
Потребно е годинава да ги славиме и прославиме 200 години од издавањето на првата книга на македонски народен јазик ,, Слово исказаное заради умирение,, од Јоаким Крчовски отпечатена во Будим 1814 година. Исто така и 135 години од ,,Македонската песнарка,, на Ѓоргија Пулески авторот на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик. И секако седумте децении од ,,Песни,, на Ацо Шопов, како прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија.
Новина годинава беше содржината ,,1000 свеќи за Рацин,, поврзувачки настан на повеќе помали содржини, кои се случуваа на неколку локации во градот. Таму музата на Рацин во шест различни изданија пренесе исто толку различни пораки на авторот. Тоа беше сторено од актерките Слободанка Чичевска, Славица Манаскова, Зорица Панчиќ, балетанката Олга Панго и пејачката Катерина Брезева. Овој настан беше реализиран по идеја на актерот Васил Зафирчев.
Саботата претпладне во Спомен Костурницата се одржа поетско читање а потоа поетите учесници засадија 33 садници на зимзелени дрвја. 33 оти толку години живеел Рацин.
Tweet |