речник контакт

55 годишен велешанец во Охрид ги нападнал 21 годишната невенчана сопруга и нивното бебето

По документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок

Петар Печков

Ноќеска, сабота кон недела по полноќ,  55 годишен велешанец, бил пријавен од неговата невенчана сопруга, дека физички ја нападнал, неа и бебето. Деталите од информацијата на МВР.

„На 03 мај во 01:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Д. (55 год) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе“ – соопштија од МВР.

По документирање на случајот, полицијата  ќе поднесе соодветен поднесок.

фото интернет

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »