речник контакт

55 лица за 10 дена, имале потреба од вонредните услуги на општинскиот Црвен крст

На возрасните граѓани им се нуди купување, здравствени прегледи а на сите граѓани психолошки совети. Отворена е и жиро сметка за финансиска помош на лица кои ја изгубиле работата

Петар Печков

Заклучно со крајот на месец март, 55 лица за десет дена побарале некоја од вонредните услуги кои ги нуди Општинскиот Црен крст а се однесуваат на состојбата предизвикана  со корона вирусот.  Помош за набавка на храна, лекови, плаќање сметки побарале 22 лица, 17 за психолошки совети и 16 за здравствени прегледи во домашни услови, соопшти секретарот на ОО на Црвен крст Велес, Орце Николов.  

Општинската организација на Црвен крст Велес  нуди  бесплатни  лекарски прегледи со логистичката поддршка од ЈЗУ „Здравствен дом“ од Велес. Целта е да се избегне посета на амбулантите од матичните лекари. Прегледите опфаќаат  кардиолошки прегледи, мерење на шеќер во крвта кој  ги извршува лекар, специјалист кардиолог  волонтер во Црвен крст. Тој извршува ЕКГ и мерење на шеќер во крвта, на оние граѓани кои имаат потреба од редовна контрола -седмична или месечна,  за да го избегнат присуството кај матичниот лекар.

Прегледите се  изведуваат во домовите на граѓаните, откако претходно тие  ќе се пријават на телефонските броеви: 078 254 729; 075 272 485; 075 247 637.

Општинскиот Црвен крст за Велес  отвори две телефонски линии за укажување на психолошка прва помош, под заканата од корона вирусот. За психолошка прва помош  можат да се јават  граѓаните од Општините Велес, Градско и Чашка. Телефоните кои се отворени во два термини  од 10 до 12 ч и од 18 до 20 ч. се:  076/278-178 и 078/317-035. Психолошката прва помош ја даваат двајца волонтери, дипломирани психолози, кои имаат поминато и обука за психолошка помош.

Лицата кои имаат потреба од овој вид на услуга, поради многубројните информации кои секојдневно ги добиваат, а истите може да предизвикаат чувство на паника или страв, можат да се јават телефонски и да добијат соодветна психосоцијална поддршка - велат од  ОО на Црвен Крст Велес. 

Мобилните тимови составени од волонтери на Црвениот крст од Велес, територијалната противпожарна единица, вработени во Центарот за социјални грижи, општинската администрација, се  на располагање 24 часа за ранливите  категории граѓани, со цел истите да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (корона вирус). Тие нудат  помош на сите возрасни лица, изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата, во набавка  на храна и лекови со сопствени средства на лицето кое ја бара услугата.

По јавувањето, до домот на нарачателот пристигнува мобилниот тим, кој  ја прими нарачката, а нарачателот врачува соодветна сума на парични средства. Потоа, мобилниот тим ја спроведува услугата, се враќа во домот на нарачателот со продуктите и фискална сметка.

Овие мобилни тимови се на располагање на територијата на Општина Велес на следните телефони : 078 254 729; 075 272 485; 075 247 637. Општина Чашка  со телефонски броеви: 076 426 830; 075 499 340. Градско со телефони: 070 566 261;  078 441 443. Лозово со телефонските броеви: 078-235-136;  071-586-656;  032-458-458.

Црвениот крст отвори и жиро сметка за финансиска помош на семејства или поединци, кои останале без работа поради состојбата со ковид-19. жиро сметката е:  200000001663445 цел ан дознака помош за вонредна состојба -ковид 19 депонент Стопанска банка АД Скопје примач Општинска организација на Црвен крст Велес 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »