Петар Печков
Објавено: четврток, 03 јули 2008
Четири дена Велес беше домаќин на двестотини играорци од седум земји, учесници на 5-тиот Меѓународен фолклорен фестивал. Илјадници велешани во Амфитеатарот во Младинскиот парк со голема заинтересираност ги следеа настапите на гостите од Костарика, Унгарија, Полска, Хрватска, Србија, Турција и повеќе ансамбли од Македонија.
Преку звукот на изворниот мелос, со танците и песните, како и оригиналните народни носии, петнаесетте друштва ги доближија нивните традиции до бројната публика, која не ги штедеше дланките да ги награди гостите.

Tweet |