речник контакт

5-ти декември Светски ден на волонтерите

За луѓето,на кои другите луѓе им се пред се

Петар Печков

Општинскиот Црвен крст им одаде почит на сите волонтери кои секојдневно преку различни активности се вклучени во работата на оваа хуманитарна организација. Со изложба на фотографии од бројните активности и краток видео филм, беше претставена работата на   волонтерите.  Крсто Анастасов е еден од 180-те волонтери велешани, кои преку различни форми се вклучени во Општинскиот црвен крст.

 Започнав со крводарување, и имам дарувано 137 пати крв до мојата 65 годишна возраст. Потоа продолжив како волонтер.   Се што треба да се помогне, тука сум се ставив на располагање – вели Анастасов, кој повеќе од 30 години е дел од Црвениот крст.

Чест и гордост ми е да сум волонтер и тоа  30 и кусур години. Се додека моето присуство и учество има некаква корист кон организацијата јас сум тука. Досега немам  земено ниту наплатено  ниту денар од Црвениот крст. Немаат многу вработени така што нашата помош е добредојдена  - вели   Марија Настова потпретседател на Општинската организација.  Таа 16 години работи на уредувањето на гласилото ,,Хуманист,, единствен печатен медиум на Црвениот крст во Македонија.  Таа заедно со уште неколку волонтерки, започнаа нова мисија. Да формираат здружение на пензионерки во рамките на велешкиот Црвен  крст. 

Се пронајдовме како жена член волонтер во Црвен крст одамна. Прв пат дарував крв во далечната 1957-ма како вработена  во Свилара Нонча Камишова  и оттогаш се врзав за нив. Откако става пензионерка сум по активна. Повеќе жени се собираме, со наши средства подготвуваме домашни специјалитет. Се организираме, правиме штандови. Така еве последните месеци  имавме акција за постраданите во поплавите креј Скопје, на сладоледијадата  - вели  Неделка Георгиева. 

Дел од волонтерите се и докторите Јадранка Мишкова, Кевица Клифова, Филип Тодоровски, Славе Јорданов, Владо Хаџи Наумов, кои неуморно се вложуваа во оваа хуманитарна органзиција. 

Волонтерите годините наназад дадоа помош на мигрантите од Блискиот Исток и Африка, кои две години минуваа низ Македонија,  помогнаа во Косовската криза, Босанската криза,  присутни беа во меѓународните мисии. На волонтерите им  помагаа познати лица пејачи, актери, политичари,  соработуваа со познати државници, помош даваа на внатрешно раселените лица.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »