речник контакт

60 години од смртта на Панко Брашнар

Сеуште не се знае гробот на Брашнаров учесник на двата Илиндена, човекот кој дел од животот минал во српски, бугарски и југословенски затвори. Тој ги заборавил личните задоволства и семејната среќа, пред желбата за слобода и човечко достоинство. Му се поклонувам

Петар Печков

Велешани му оддадоа почит на народниот учител Панко Брашнаров на 60 годишнината од неговата смрт, 13 јули  кога умрел на Голи Оток Хрватска. Положувајќи цвеќе на неговиот споменик се одржа и свечена академија пред скромен број присутни, малкумина кои го чествуваа големото дело на Брашнар, учесник во двата Илиндена. Тој го отвори првото заседание на АСНОМ,  беше борец за социјална правда,  Брашнар ги заборавил личните задоволства и семејната среќа, пред желбата за  слобода и човечко достоинство.

Оваа генерација велешани длабоко се поклонува пред борецот од двата Илиндена, воденичарот и учителот кој го хранеше народот со леб и знаење, храбро го водеше во борбата за правдина и слобода. Не се доволно фељтоните и цвеќето, треба  да ја решиме загатката Панко Брашнаров, ние или генерациите што доаѓаат по нас. Велес му должи на својот учител да опстои по потрагата на вистината за  неговата гробнина. Ако е во морето тој е уште еден Гемиџија што се поарчи за Македонија, ако е во каменот таму е аманетот за обединета и единствена Македонија – рече Горан Петров градоначалник на Велес.

 На академијата премиерно  беше прикажан и документарен филм на Александар Кукулев и Димче Саздов за животниот пат на Панко Брашнаров.

При  апсењето на Брашнар во 1928-та година петиција за негово пуштање од затвор потпишале 68 светски  интелектуалци, меѓу нив и Алберт Ајнштајн, Анри Барбис, Јакуп Хурвиц, Регина Рубен. Во 1950-ва е уапсен поради неговата поддршка на Сталиновата резолуција, а следната година испратен на двегодишна ,,општествено  полезна   работа,, на Голо Оток, каде по неколку дена во мизерни услови, болен, умира. Неговиот гроб се води како непознат, дали е погребан на островот, на гробиштата во Риека, Бакар  или фрлен во морето, досегашните истражувања не дадоа резултат.  Во неговиот 68 годишен животен пат, 50 години бил вклучен во револуционерни активности а повеќе од десет години минал во бугарски, српски и југословенски затвори.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »