Петар Печков
Објавено: петок, 25 ноември 2016
Екипата на Заводот за трансфузиона медицина од Скопје заедно со Општинскиот црвен крст од Велес, спроведоа акција за доброволно дарување на крв, која се изведе во касарната Алексо Демниевски Бауман во Велес.
Војниците кои служат доброволно воен рок, како и дел од вработените, војни лица и професиоанлни војници, несебично ја подадоа раката и се собраа 63 крвни единици. Од нив 22 беа на лица кои прв пат дарувале како и шест девојки.
Tweet |