Зоран Николов
Објавено: сабота, 28 јануари 2006
ВИСТИНСКИОТ КАВАЛЕР 1. Го знае значењето на зборот КАВАЛЕР 2. Подарува за да и укаже чест на дамата 3. Би украл од богатите за да им подели на сиромашните 4. Подарува цвет и поезија 5. Доколку го навредиш би те предизвикал на двобој 6. Секогаш знае како да се извини 7. Го има во книгите ТРАНЗИЦИСКИОТ КАВАЛЕР 1. Чул дека е тоа нешто убаво 2. Подарува за потоа него да му укажуваат чест 3. Краде од сиромаштијата за да им подари на богатите 4. Подарува исклучиво скапоцени и полускапоцени кристали, препорачливо Сваровски 5. Доколку го навредиш ќе те предизвика на десетобој (ти против неговите 10 телохранители) 6. Секогаш знае како да се извади 7. Го има во Владата
Tweet |