речник контакт

70 години Велешки театар (црно бела фото)

Актерите дел од градската историја на Велес

Петар Печков

Годинава што изминува е редок јубилеј за велешки театар. Имено одбележува 70 години постоење и работа. Растежи и падови, но секогаш прифатени и омилени кај публика, велешките актери седум децении ја пишуваа историјата на градот.  Во јуни месец 1948-та на 15-ти се формира Градскиот народен театар,, врз традициите на Јордан Хаџи Константинов Џинот, дејноста на учителите  и патувачките театри.   Првата одиграна претстава е ,,Обичен човек,, од Бранислав Нушиќ. До крајот на таа 1948 се играат уште и ,,Печалбари,, од Антон Панов и ,,Протекција,, пак од Нушиќ. Весникот ,,Нова Македонија во неговите изданија од летото таа по воена 1948-ма ќе запише дека ,,на една од своите заседанија Градскиот извршен одбор донесе решение да се формира во Велес Градски театар,, . Назначени биле и пет платени артисти, кои претходно завршиле тримесечен курс во Македонски народен театар во Скопје.   Театарот својот пад го доживува во летото 1966-та кога е затворен а традиција ја продолжува Младинското драмско студио. Театарот како аматерски продолжува да работи се до 1984-та кога повторно станува професионален. Значајно е што од декември 2014-тата неговите актери работат во нова зграда.  

Со должен пиетет и најдлабок наклон  за првиот професионален состав на Народниот театар Велес, вредно е да се споменат имињата кои ја напишаа историјата.  : 

Борис Бегинов - директор (режисер и актер); Благој Анчевски-Руска - актер, режисер, сценограф; Стојна Апцева (Дробњак), Љубица Вишинова (Ефремова); Тодор Гравчев, Ратка Зарзева, Рајна Јорданва (Савова), Јосиф Јосифовски (режисер, сценограф); Димче Петров-Гале, Стојан Сердарски, Стојче Филипов (Камчев); Екрем Џаферов. Епса Џипунова - актери.

во текстот се користени материјали од монографијата

,,50 години НАРОДЕН ТЕАТАР ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ џИНОТ Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »