речник контакт

70 години од депортацијата и на велешките евреи

Единаесетти март е денот на депортацијата на Евреите од Македонија, во која настрадала во 1943-тата година и малата еврејска заедница која тогаш живеела во Велес. Во спомен на нив...

Петар Печков

Скромната документација што постои за овој настан не е согласна за тоа колкумина се жртви на антисемитското законодавство кое фашистичка Германија го вовела а на територијата на Македонија го спровела окупаторска кралска Бугарија.

Според едни еврејски документи во Велес живееле две семејства со осум члена, додека според списокот на депортирани се четири лица од семејството Ково, Аврам Исак (42 год) и сопружниците Аврам Илија (39 год) сопругата Буна Илија ( 31 год) и ќерката Солча Илија (5 год).

Тие како и 7,7 илјади депортирани македонски евреи трагично го загубиле животот во Треблинка Полска или севкупно 6,5 милиони евреи кои настрадале во II Светска војна.

За жал во Велес не може достојно да се одбележи денот на депортацијата на македонските евреи, бидејќи не постои спомен обележје, кое нивните сограѓани ќе ги потсетува на семејството Кова или колку што евреи живееле некогаш живееле во градот а трагично го завршиле животот во германските конц-логори.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »