речник контакт

70 години на Црвен крст

Работата на волонтерите, активистите во Црвениот крст покажува дека има уште луѓе кои не го изгубиле чувството на човекољубие. Јубилејни признанија току за нив

Петар Печков

   Општинската  организација на Царениот крст ја одбележа 70 годишнината од работата и постоењето со свечена седница.  Претседателот на велешкиот Црвен Крст но и на Републичката организација д-р Милчо Трајков  се осврна на седумте децении работа, постоење кое значи долго патување и помош на ранливите категории сограѓани.  Работата на волонтерите, активистите во Црвениот крст покажува дека  има уште луѓе кои не го изгубиле чувството   на човекољубие.  

 Секојдневно ни се случува живот со сите негови предизвици. Така 70 години  Црвениот крст е активно   вклучен во обезбедување поддршка на граѓаните од премрежјата кои се случуваат. Учествуваше во  згрижување на бегалците од Егејскиот дел на Македонија, даваше помош во поплавите од 1962, учествуваше во санирањето на штетите  и извлекувањето на повредените од катастрофалниот земјотрес  во Скопје од 1963,  даде придонес во згрижувањето на 400 илјади бегалци  од Косово 1999,   учествуваше во собирањето помош за поплавените во Србија и БиХ ланската година, годинава во помош на бегалците кои минуваат низ Македонија секојдневно. Помагаме и на нашите сограѓани кои поради невработеноста,  голем  број на социјални случаи, преваленца на  заразни заболувања, зголемен број кардио -васкуларни и малигни заболувања, немање пристап до здравствените институции се проблем за одреден број луѓе од ранливите категории. Тука за нив е  Црвениот крст кој ја исполнува својата мисија. Професионалците и големиот број волонтери    се вклучени  во активностите за намалување на страдањата  на загрозени групи граѓани  - рече д-р Трајков.  Тој потсети на дел од нивните проекти со кој непосредно помагаат, нега на стари лица  во домашни услови, социјализација на лица со посебни потреби , акцијата не сте заборавени, ПХВ  проект Црвен  крст во акција,  снабдување на загрозеното население во текот на зимското невреме,  Хам  редакшн за помош на зависниците  од дрога. Во ова беше посебно истакната големата хуманост на крводарителите, кои неколку  години по ред се меѓу најдобрите во Македонија, меѓу 54 општински организации.     

 За нивната ангажираност Републички признанија за 70 годишниот јубилеј,   добија  активистите на Црвениот Крст - Марија  Настова, Ангел Киров и Зоран Ѓорѓиев.     

Благодарници за својата работа добија  д-р  Јадранка Мишкова, Ангел Јорданов,  Роберт Ноневски од  Чашка, Благој Климкаров од  Градско,  Слаѓана Настова, Јадранка Ефтимова, Алена Бачева,  д-р Славе Јорданов, актерката Слободанка Чичевска, д-р Мартин Хаџи Наумов,  Себо Шаќиров, Општина Велес, ДПТУ Жито, Крзнара Димко Митрев, Хемомак Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »