Петар Печков
Објавено: сабота, 01 декември 2018
Годинава што изминува е редок јубилеј за велешки театар. Имено одбележува 70 години постоење и работа. Растежи и падови, но секогаш прифатени и омилени кај публика, велешките актери седум децении ја пишуваа историјата на градот. Во јуни месец 1948-та на 15-ти се формира Градскиот народен театар,, врз традициите на Јордан Хаџи Константинов Џинот, дејноста на учителите и патувачките театри. Првата одиграна претстава е ,,Обичен човек,, од Бранислав Нушиќ. До крајот на таа 1948 се играат уште и ,,Печалбари,, од Антон Панов и ,,Протекција,, пак од Нушиќ. Весникот ,,Нова Македонија во неговите изданија од летото таа по воена 1948-ма ќе запише дека ,,на една од своите заседанија Градскиот извршен одбор донесе решение да се формира во Велес Градски театар,, . Назначени биле и пет платени артисти, кои претходно завршиле тримесечен курс во Македонски народен театар во Скопје. Театарот својот пад го доживува во летото 1966-та кога е затворен а традиција ја продолжува Младинското драмско студио. Театарот како аматерски продолжува да работи се до 1984-та кога повторно станува професионален. Значајно е што од декември 2014-тата неговите актери работат во нова зграда.
Со должен пиетет и најдлабок наклон за првиот професионален состав на Народниот театар Велес, вредно е да се споменат имињата кои ја напишаа историјата. :
Борис Бегинов - директор (режисер и актер); Благој Анчевски-Руска - актер, режисер, сценограф; Стојна Апцева (Дробњак), Љубица Вишинова (Ефремова); Тодор Гравчев, Ратка Зарзева, Рајна Јорданва (Савова), Јосиф Јосифовски (режисер, сценограф); Димче Петров-Гале, Стојан Сердарски, Стојче Филипов (Камчев); Екрем Џаферов. Епса Џипунова - актери.
во текстот се користени материјали од монографијата
,,50 години НАРОДЕН ТЕАТАР ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ џИНОТ Велес
Tweet |