Петар Печков
Објавено: петок, 15 февруари 2019
Повеќе од седумдесет барања за средства од ИПАРД 2 Програмата 2014-2020 се доставени до Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Велес . Производителите од општините Велес, Градско и Чашка најмногу бараат средства за инвестиции во механизација.
Доставени се 71 барање, најмногу за приклучна механизација и една највредна е за опрема свињарска фарма. Апликантите добија советодавна и техничка помош, како и помош при изработка на предлог-проект за успешно доставување на барањата- информира Тони Тасков, раководител на Канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Велес.
Со оваа мера земјоделците можат да вратат од 60 до 70 проценти од трошоците од инвестицијата, која ја направиле. Земјоделците откако ќе ја реализираат инвестицијата, во рок од шест месеци треба да достават повторно барање до Платежната агенција за да се вратат дел од вложените средства. Минималната инвестиција може да биде 3.000 евра без ДДВ.
Tweet |